Истражете ја нашата палета на висококвалитетни производи дизајнирани за различни индустриски апликации.
Високо-квалитетни гумени транспортни ленти за транспорт на материјал, создадени за да ги исполнат вашите индустриски потреби.
Силиконската гума нуди одлична флексибилност, отпорност на висока температура, и голема издржливост, што ја прави идеална за запечатување, изолација, и други апликации во различни индустрии.
Високо квалитетни ролни за транспортна лента.
Шеврон лентите се направени за нагорно транспортирање на материјалот, го намалуваат пролизгувањето и го подобруваат зафатот за поефикаксно справување на материјалот.
Рапавите ленти нудат екстра зафат за сигурен и ефикасен пренос на предмети и материјал
Транспортна лента со странични прегради/ хармоника спречува протекување на материјалот и е идеална за нагорно и вертикално транспортирање на материјал
Инсталација, одржување и консултантски услуги за обезбедување непречено функционирање на вашите транспортни системи.
Гумиран барабан го подобрува триењето, намалува пролизгување, и ги заштитува барабаните од оштетување, осигурувајки по фино и ефикасно работење на транспортната лента.
Топла вулканизација е процес за спојување или репарирање на транспортни ленти, создавајки силна, беспрекорна врска за максимален капацитет на лентата и го продолжува работниот век.
Ладна вулканизација е ефективен метод за спојување на транспортна лента со користење на лепила, идеално за брзо дејствување без потреба од греење.
Механичко спојување е најбрз метод да се спои транспортна лента користејки метални спојници, идеално за брзи инсталации и лесно одржување.
Силиконска гумена обвивка обезбедува одлична заштита од високи температури, хемикалии, абење и го продолжува работниот век на површината која се гумира.
Добредојдовте во ГУМАГОР. Основана во 2006 од Горан Смиљков, ГумаГор е посветена на обезбедување исклучителни гумени производи и услуги за широк спектар на индустрии. Нашата цел е јасна - да ги задоволиме потребите на секој клиент со високо-квалитетни решенија кои ке го издржат тестот на времето. Со фокус на иновации, сигурност и задоволство на клиентите, ние се стремиме да изградиме силни партнерства и да ги надминеме очекувањата. Во ГумаГор, ние се гордееме со нашиот посветен тим и нашата способност да испорачаме ефикасна услуга за секој клиент.
Контактирајте нѐ за прашања и прилагодени решенија според потребите на вашиот бизнис.